Општина Македонска Каменица и оваа година со заловување и со понатамошен хуман третман од страна на стручна служба ќе го решава проблемот со кучињата скитници. Според планираното, овој петок, во раните утрински часови, шинтерски служби на ВСЦ “Тодор Велинов” – Куманово, ќе извршат акција за заловување бездомни кучиња на територија на општината. Како што информираат од општинските служби, акцијата, која се спроведува секоја година, се реализира согласно Законот за заштита и благосостојба на животните. - До граѓаните апелираме и сами да се вклучат за успешна реализација на акцијата со пријавување бездомни кучиња кои ќе бидат забележани во близина на нивните живеалишта, наведуваат од општината. Решавањето на проблемот со кучињата скитници со заловување, Општина Македонска Каменица го практикува изминатите пет години.