Екипите од Премиер лигата на Англија потрошија над 200 милиони фунти помалку за трансфери ова лето, во однос на истиот период минатата година, покажува истражувањето на финансиската компанија „Делојт“. Според финансиските аналитичари, 20-те тима во Премиер лигата дале 1.2 милијарди фунти за нови играчи, додека во 2017 година таа сума била 1,4 милијарди фунти. Минатогодишниот финалист на Лигата на шампионите, Ливерпул потроши најмногу пари за нови играчи - 165 милиони фунти. Второто место е за Челзи со 120 милиони, раководството на Фулам даде 105 милиони за нови пополнувања, а Лестер потрошил точно 100 милиони фунти. Тотенхем направи преседан, откако лондонскиот клуб не даде ниту пени за нови играчи.