Македонскиот шампион Шкендија доживеа и втор пораз од Салцбург, овој пат на „Филип Втори" Арената во Скопје, во реванш натпреварот од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Единствениот гол на средбата падна во 92-та минута од дуелот, откако Андре Рамаљо беше прецизен за австрискиот тим.

Тетовци иако имаа свои шанси во натпреварот не успеаја да ја анулираат негативата која австрискиот тим ја имаше од првиот меч пред една недела (0:3). Австријците одиграа рутински и целосно ја контролираа ситуацијата на теренот.

За екипата на Ќатип Османи патот во Европа не завршува тука, откако ќе играат во плеј-офот за Лигата на Европа, каде противник пред пласманот во групната фаза најверојатно ќе биде Розенборг.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 01:22