Заврши конзервацијата и реставрацијата на живописот во црквата Свети Никола во Куманово. Методологијата на конзервација и реставрација во Соборниот храм во централното градско подрачје, траеше четири години, по неколку децении, откако живописот бил насликан во шеесетите години од минатиот век.
- Според утврдените хемиски анализи, живописот е насликан во секо техника. Употребени се бои од т.н. синтетички бои или добро познати бои-акрилни бои. Ослабена е врската помеѓу носачот односно ѕидот кој датира со самата изградба од периодот на 1847-1851 со новонасликаниот живопис од 1969-1971 од зографот Крсте Рафев Колоски.Оштетувањата на боениот слој од живописот е проследен со напукнување и опаѓање од своето лежиште. Невкусно за изгледот, што е од пресдудно значење. Процесот успешно заврши, изјави реставраторот Валентина Илијевска.
Со конзервацијата е опфатена северната и јужната страна, односно житието на Господ Исус Христос и на Пресвета Богородица Дева Марија. Живописот датира од периодот од 1969-1971. Додека пак во олтарниот дел е од 1972 година со претстава на евангелисти и Мајка Божја во централната апсида. Покрај овие живописани композиции, се насликани и претстави на светите лица како што се Св.Кирил и Методиј, Св.Климент Охридски, Св.Никола и останати светци.
И од Кумановско - осоговската епархија која ја иницираше конзервацијата и реставрацијата се задоволни од завршената конзервација и реставрација.
Свештеникот Игор Здравковски, информираше дека во иднина ќе се слика во црквата Света Мина во Проевце, новоизградената црква Свети Архангел Гаврил пред населбата Карпош и Свети Ѓорѓи во Кратово.