Најдобриот играч на Кристал Палас, Вилфред Заха, денес го продолжи договорот со клубот до 2023 година и ги прекина шпекулациите дека ќе оди во Челзи или во Тотенхем.
Како што изјави претседателот на клубот Стив Перис во изјава за клупската веб-страницата, Заха на овој начин ја покажал посветеноста кон клубот во кој дојде на 12 годишна возраст.
Заха е еден од најзаслужниот што Кристал Палас минатата година избори опстанок во најсилната лига во Англија.
Со голот на дуелот против Фулам на почетокот на оваа сезона, репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска стана најдобриот стрелец во историјата на Палас во Премиер Лигата.