Делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот, Борјанчо Мицевски е во официјална посета на збратимената општина Лугож, Романија.
- На покана на градоначалникот Францис Болдеа и во чест на општинскиот празник денеска сум во официјална посета на збратимената Општина Лугож - Романија. Посетата ја искористивме за продлабочување и зголемување на соработката во различни области. По повод празникот на градот денес учествувавме и на свечениот прием на делегации во општината, присуствувавме на црковната миса и на поголем број културни настани, информира градоначалникот на Крива Паланка, Мицевски.
Во делегацијата од Крива Паланка покрај градоначалникот се и Катерина Митовска-Наковска, советник, претседател на комисијата за меѓународна соработка при општинскиот Совет, Душко Арсовски, раководител на Одделението за локален економски развој и Антонио Давитковски, дел од тимот кој работи на подготовка на европски проекти во локалната самоуправа.