Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денеска изврши увид во реконструкциските зафати во градинката „Весели Цветови“, објект „Сончоглед”, која се одвива во фази во текот на летово.

Градежните активности во објекот со површина од 1530 квадратни метри, опфаќаат целосна реконструкција на десет тоалети и поставување нови водоводни и одводни цевки. Заради рекострукциските зафати згрижувањето на децата беше ефикасно спроведено така што додека се работеше во едно крило, дечињата беа згрижени во друго крило, и обратно. Во моментот се работи во јаслениот дел, а бебињата се згрижени во занимална на долниот кат од објектот, на приземје.

Реконструкција на тоалетите започна во јуни, а треба да финишира до крај на месецот, односно на почетокот на новата учебна година. Градоначалникот Темелковски најави посета и на сите останати градинки на територија на Општината со цел, онаму каде има потреба да се интервенира во рамките на финансиските можности на локалната самоуправа.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 17:51