Голманот Даниел Субашиќ соопшти дека се повлекува од хрватската репрезентација.

- Дојде време по 10 години да се простам од најдрагиот дрес. Оваа одлука ја донесов пред Светското првенство, но сакав да ја завршам кариерата со настап на Мундијалот, што беше и мој сон. Секој има рок на траење и на нас е да процениме колку долго можеме да играме, истакна 33-годишниот голман во пораката на социјалните мрежи.

Селекторот Златко Далиќ ќе се соочи со сериозни проблеми при составувањето на следниот хрватски тим, бидејќи претходно се повлекоа Ведран Чорлука и Марио Манџукиќ, а истото се најавува и за Лука Модриќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 18:13