Општина Аеродром и Бадминтон федерацијата на Македонија (БФМ) започнуваат заеднички проект „Играме бадминтон“.

Како што соопшти Општината, овој проект ги вклучува наставниците по физичко образование, како и сите заинтересирани жители на Општина Аеродром што имаат завршено или се уште студираат на Факултетот за физичка култура.

Обуката, која е бесплатна, ќе се спроведе во периодот од 22 до 28 август 2018 година, од 9:00 до 12:00 часот, во едно од основните училиштата на територијата на Општината, под водство на тренер, односно инструктор што ќе го определи БФМ.

По завршување на обуката, сите наставници ќе добијат сертификат за тренер по бадминтон – основно ниво, со што ќе бидат оспособени самостојно да работат со учениците од своите училишта.

Целта на овој проект, кој вклучува и втор дел, е да се внесе нова спортска содржина за жителите на Општината од сите возрасти. Со почетокот на новата учебна година, се планира веќе обучените наставници да го вклучат бадминтонот во своите програми и да формираат секции или клубови во рамките на училишните спортски клубови, посочуваат од Општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 17:12