Изложба на карикатури „Бегалска криза 2018“ од Мирослав Георгијевски-Миро од денеска е поставена во изложбениот салон во Центарот за култура во Крива Паланка.
Претставено е 31 дело, а за посетителите изложбата ќе биде отворена во наредните десет дена.
Покрај оваа, Георгијевски имал 16 самостојни, како и голем број групни претставувања. Учествувал на фестивали за карикатура и конкурси и добитник е на повеќе од 70 признанија и награди од 23 земји во светот.
Изложбата е дел од годишната програма на НУЦК Крива Паланка, поддржана од Министерство за култура.