Во паркот кај затворениот градски базен во Куманово денеска ќе се врши третирање против инсекти. Општина Куманово порачува граѓаните да бидат внимателни и да избегнат подолг престој на површините непосредно по извршувањето на третманот. Во понеделник и вторник, 21 и 22 август, на подрачјето на градот ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Целта е спречување на ширење заразни болести чии вектори се инскетите. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, посебно зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот. Ако временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш ќе се одложи за наредниот ден. За дезинскеција и дератизација двапати годишно, општина Куманово одвојува 600.000 денари. Тендерот го доби фирмата „Плант Медика“.