Изложба на фотографии од музички настани, насловена „Ритам во кадар" на фотографот Дражен Брачиќ, вечер од 20 часот ќе биде отворена во Центарот за култура „Кочо Рацин" во Кичево.
Изложбата е резултат на долгогодишно фотографирање на музички настани, најчесто во клубови, импровизирани сцени и простори во кои е доловена атмосферата што ја создаваат бендовите, енергијата и емоциите на сцената и влијанието врз публиката.
- Различни светлини перципираат звук и слика. Да се претставуваат преку фотографија музиката и нејзиниот ритам е по правило невозможен процес. Да се долови атмосферата на концертот, забава, свирка, да се слушне музиката и почувствува ритамот - овој предизвик Дражен Брачиќ се обидува да го реализира преку својата изложба, изјави Маја Силјаноска од Центарот за култура во Кичево.