Во Командата за обука и доктрини во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ денеска свечено беше одбележан 18 Август - Денот на АРМ.

Заменик-командантот на КОД полковник Стојанче Тодоров, кој им се обрати на присутните, истакна дека припадниците на македонската Армија се школувани и обучени во согласност со евроатланските стандарди и оти АРМ е рамноправен партнер со останатите партнерски армии.

- Со осамостојувањето на Република Македонија и формирањето на институциите на современото општество, Армијата и нејзината изградба се императив којшто ја превзема контролата на цела територија, а со тоа ја гарантира државноста на Република Македонија. Припадниците на Армијата, во периодот по формирањето, се школувани и обучувани во согласност со евроатлантските стандарди со што ние како армија сме компатибилен партнер во меѓуетничките операции, а нашите припадници воено-стручно се рамноправни со припадниците на партнерските армии, рече полковник Тодоров.

На припадници и цивилни лица во служба во АРМ им беа доделени благодарници, пофалници и награди.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2018 13:55