Општина Кичево ќе додели стипендии за редовни студенти кои ќе се запишат во академската 2018/19 година на некој од државните универзитети или на еден од приватните универзитети во или надвор од државата.

Висината на стипендијата ќе изнесува 24 илјади денари кои ќе се исплаќаат во износ од 3.000 денари во период од осум месеци.

Еден од условите што треба да ги исполнат студентите е да се редовни и да не ја повторувале годината.

Апликациите треба да се достават најдоцна до 28 септември до архивата на општина Кичево или преку пошта на адресата: Општина Кичево, ул.Борис Кидрич бр.1.

Некомплетните апликации нема да се разгледуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2018 18:08