На отворената летна сцена на плоштадот „Карпошово востание" во Крива Паланка синоќа беше прикажан турскиот филм „Дрвото чинар" - драма за животот на луѓето од различни слоеви на општеството и за концептот на семејство каде во преден план се семејните вредности.

Настанот го организираше Турскиот институт „Јунус Емре"-Скопје во соработка со Општина Крива Паланка. Бурак Онер, претставник од „Јунус Емре“, рече дека нивните активности во Македонија и во светот се базираат на претставување на Турција и нејзиното културно наследство.

- Со оглед на фактот дека соживотот меѓу двата народа во Македонија траел повеќе од седум века, се трудиме уште повеќе да се развие и продолжи блискоста на заедничката историја и култура меѓу двете земји. Затоа нашиот Институт придонесува во зацврстување на односите меѓу Македонија и Турција, рече Онер.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2018 12:17