На градскиот стадион „Билјанини извори“, денес, започна Отворената фудбалска школа. Учество во фудбалската школа земаат повеќе од 200 деца на возраст од седум до единаесет години, од повеќе градови низ Македонија. 

Школата ќе трае пет дена, а е поддржана од Данската фудбалска федерација и општина Охрид. 



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2018 14:22