Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе заврши на 16-тата позиција на првата трка на патеката во Асен, Холандија во рамки на ТЦР-Европа шампионатот.

Иџе тргна од 17-тата позиција и до крајот успеа да напредува за едно место. Вториот наш возач во шампионатот, Виктор Давидовски го освои 17-тото место.

Победник на првата трка во Асен е Даниел Наѓ од Унгарија.

Втората трка се вози утре на истата патека



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2018 00:33