Македонската одбојкарска репрезентација го забележа првиот пораз во квалификациите за ЕП 2019 откако вчера во Скопје загуби од Украина со 3-2 во сетови иако имаше два сета предност (27:25; 26:24; 20:25; 20:25 и 12:15).

Нашите репрезентативци тргнаа добро и ги добија првите два сета, но потоа ја загубија свежината и гостинот знаеше тоа да го искористи. Иако поведовме со 6:2 во петтиот решавачки сет, Украинците направија пресврт за конечна победа.

Никола Ѓорѓиев беше лидер во националниот тим со 25 освоени поени, Дарко Ангеловски имаше 38 отсто успешност во приемот на противничките сервиси, најдобар на мрежа беше Филип Маџунков со три блока.

Во групата води Украина со 5 бодови, Македонија има 3, Унгарија 1, а Швајцарија е без бод.

Македонија следниот натпревар од групата го игра на 22.август на домашен терен (СРЦ Кале) против Швајцарија.

ЕП 2019 година ќе се одржи од 12 до 29 септември во ко-организација на Франција, Белгија, Словенија и Холандија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2018 11:52