Дваесет и девет годишен државјанин на Република Албанија, рано утрово е лишен од слобода под сомнеж дека се обидел да силува гостиварка.

Според СВР Тетово, утрово неколку минути по полноќ 48-годишна гостиварка во полиција пријавила дека непознато лице се обидело да изврши полов напад врз неа во влезот од зградата во која живее. Во моментот кога влегла во влезот од зградата, по неа влегол и непознатиот маж ја фатил за рака и ѝ упатувал вулгарни зборови.

Откако се созела почнала да се брани и успеала да ја отвори вратата од зградата и притоа го истуркала напаѓачот. По нејзините повици за помош, непознатиот побегнал.

По пријавата гостиварската полиција го нашла Ј.К. (29) за кого има основано сомнение дека е сторител на делото и е задржан во полициска станица до расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2018 13:12