Непознат маскиран сторител синоќа околу 20:30 часот се обидел да изврши разбојништво над М.Л.(89) во неговата куќа на ул.„Никола Карев“ во Св.Николе.

Според МВР, сторителот со употреба на сила го врзал М.Л. и со закана по животот му побарал пари. Во тој момент во куќата влегол З.Ш. (42) од Свети Николе, по што сторителот побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2018 13:25