Србинот Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер кој освоил барем еден трофеј на турнирите од Мастерс серијата.

Тој синоќа го победи Роџер Федерер во финалето на Синсинати, САД и стигна до единствената шампионска титула која му недостасуваше од Мастерс турнирите.

За еден и пол час игра Ѓоковиќ победи со 2-0, двата сета ги доби со по 6:4.

Поранешниот прв светски рекет сега има вкупно 70 АТП трофеи и 31 на Мастерс турнирите.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2018 10:51