Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник” започнува серијал на тематски геофотоконкурси насочени кон природните убавини на Македонија.

Идејата е преку фотографија да се презентираат природните убавини со кои располага Македонија и кои, како што велат организаторите, да се промовираат и заштитат.

Конкурсот трае до 31 август, а победниците ќе добијат вредносни ваучери, посета на Слатинскииот извор, комплет книги од Македонското географско друштво, како и платена годишна чланарина во Истражувачкото друштво „Природник“.

Право на учество имаат сите граѓани во Македонија.

Сите пристигнати фотографии ќе бидат објавени на фејбук страната на Истражувачкото друштво,а во периодот од 9 до 14 септември ќе може да се гласа за нив со кликнување на „лајк“. Петнаесетте фотографии кои ќе добијат најмногу лајкови, ќе бидат презентирани на изложба и од нив ќе бидат избрани најдобрите.

Победниците ќе бидат објавени на крајот на септември на веб страницата и на фан страната на Истражувачкото друштво „Природник“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2018 11:18