Во пожар, кој изутрината ибувнал во штала со помошен објект на улицата „Мрежичка“ без број во општина Бутел, предизвикана е материјална штета од околу 120 илјади денари.

Како што информира Територијална противпожарна единица на Град Скопје, пожарот кај нив бил пријавен телефонски во два часот изутрината.

Во гаснењето интервенирале три возила и седум пожарникари од 2 до 4:30 часот изутрината.

Во пожарот биле зафатени 150 метри квадратни.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2018 10:07