Зет со два куршума го застрелал таткото на сопругата пред неговиот дом во гостиварското село Долно Бањица и побегнал.

Како што соопшти МВР, вчера околу 10:40 со два куршума од пиштол во пределот на стомакот бил застрелан А.У. (54) од страна на зетот за ќерка, Б.С. (33) од село Горно Седларце, Тетовско.

Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2018 10:18