Полицијата поднесе кривична пријава против М.Л. (46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“, а против Ј.К. (28) од Албанија за „силување во обид“.

Пријавениот М.Л. во периодот од ноември лани до 9 јули годинава во неговиот дом во Кочани со закана дека ќе објави слики со компромитирачка содржина, во неколку наврати извршил обљуба врз женско лице од Кочани.

Според пријавата од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, Ј.К од Албанија завчера во 00:05 часот се обидел да изврши обљуба врз 48-годишна жена од Гостивар во влезот од зграда во која што живее. Пријавениот веднаш е приведен во полициска станица, наведува Министерството за внатрешни работи во редовниот билтен.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2018 13:00