Познатиот германски тенисер Борис Бекер ја истакна важноста на рекетот за спортистот. Според него, тенисер со рекет го потсетува на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси со топка.
- Рекетот е продолжение на раката. Ако сте запознаени со вашиот рекет, точно знаете што да направите со него. Тоа е како свирење на пијано или играње на Лионел Меси со топката. Тенисерот ја удира топката и таа паѓа на линијата, тој се обидува да ја прати таму. Многумина ќе речат дека ова е само среќа, но за најдобрите тенисери во светот, ова не е случајно. Брендовите произведуваат нови технологии, доаѓаат со нови дизајни, но повеќето тенисери се против промени, вели Бекер во изјавата за „Тенис Ворлд САД“.
50-годишниот Германец своевремено беше најдобар тенисер на светот. Има освоено многу трофеи, шест се од Грен слем турнирите.
Во периодот 2013-2016 му беше тренер на Новак Ѓоковиќ.
Во 2018 година легендарниот тенисер прогласи банкрот, по што се одлучи на продажба на трофеите и недвижен имот.