Поранешниот петти тенисер во светот, Жо-Вилфрид Цонга, одлучи да не учествува на овогодинешниот Ју Ес Опен.

Како што наведе францускиот тенисер причината за повлекување од Отвореното првенство на САД е проблемот со левото колено.

Ова е третиот последователен Гранд слем турнир кој Цонга го пропушта. Тој сега се наоѓа на 64-тото место на АТП листата. Французинот одигра само шест натпревари во 2018 година, откако последниот беше во февруари оваа година.

Организаторите на Ју Ес Опен одлучија тој да биде заменет од австралискиот тенисер Џејмс Дакворт.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2018 15:36