Американската тениска асоцијација ги објави носителите кај мажите и жените пред ждребот, кој треба да се влече во четврток, 23 август.
Светскиот рекет број 1 и бранителот на титулата Рафаел Надал (Шпанија), ќе биде прв носител на овогодинешниот Ју Ес Опен, кој започнува на 27 август во Њујорк и трае до 9 септември.
По него во главната шема следат Роџер Федерер (Швајцарија) и Хуан Мартин дел Потро (Аргентина).
Еден од главните фаворити за титулата и освојувачот на овогодинешниот „Вимблдон“, Србинот Новак Ѓоковиќ е поставен како бр.6 во шемата.
Кај дамите, број еден тенисерката во светот, Симона Халеп (Романија) ќе ја предводи шемата, следена со Каролин Возњацки (Данска) и бранителката на титулата од лани - Слоан Стивенс (САД).
Носителката на 23 Гренд-слем титули, Серена Вилијамс е рангирана на 17-тото место на Отвореното тениско првенство во САД. Американката, која на крајот на септември ќе наполни 37 години, моментално е 26-та на ВТА листата.