По повод одбележувањето на 77- годишнината од формирањето на Првиот скопски партизански одред, делегација на Град Скопје предводена од претседателката на Советот Љубица Јанчева и советниците Анжелика Апчевска и Александар Трајановски денеска положи цвеќе.
Како што соопшти Град Скопје, пред спомен-обележјето на Првиот скопски партизански одред цвеќе положиле и делегации од општина Карпош, од Сојузот на борци на Македонија (СБМ) на општина Карпош и Град Скопје, како и здруженија на граѓани и организации.
По завршувањето на церемонијата Јанчева изјавила дека Првиот скопски партизански одред е значаен настан од нашата историја и значаен датум од историјата на нашето Скопје. Во партизанските редови на одредот биле четириесет и дваjца партизани, од кои седумнаесет го загубиле животот во текот на војната, а дел од нив, Александар Урдаревски, Раде Јовчевски-Корчагин и Боро Петрушевски, се прогласени за народни херои.
- Првиот скопски партизански одред претставува никулец на НОВ во Македонија на кој се надоврзаа Прилепскиот партизански одред, Кумановскиот, Вториот скопски, Велешкиот, Битолскиот.... бригадите, баталјонот Мирче Ацев - првата регуларна воена единица, дивизиите, корпусите... до денешната армија, по сите стандарди подготвена за полноправно членство во НАТО алијансата, изјавила Јанчева.