Генералниот секретар на Европската Традиционална карате федерација Дејан Недев, и претседателот на техничката комисија на ЕТКФ Венцислав Недев, од 24 до 30 август ќе присуствуваат на ЕТКФ Европскиот карате семинар во Ефорие суд, Романија, информираат од МТКФ.

Семинарот ќе го водат Владимир Јорга, Венцислав Недев и Николае Марандичи, претседател на Романската карате федерација кој воедно е и организатор на настанот.

За време на семинарот ќе се одржат состаноци со кои ќе раководи Дејан Недев и на нив ќе се дискутира за организација на претстојниот Европски шампионат кој ќе се одржи во Белград од 14 до 16 септември 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2018 10:17