Во основните училишта во Велес во новата учебна 2018/2019 година се запишани 462 првачиња.

Како што информира за МИА Елена Тевчева советник за образование, најмногу првооделенци ќе тргнат во ООУ „Васил Главинов“ 125, а кое е и најголемото училиште во Велес и најголемите во земјава, а нешто помалку 120 првооделенци во ООУ „Блаже Конески“ кое е со целодневен престој.

- Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се 84 од кои четири од децата се од подрачното училиште во село Црквино. Во ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“се вкупно 60 ученици од кои 11 се во подрачното училиште во Башино Село. ООУ„Благој Кирков“ заедно со подрачните во Караслари и Чолошево се вкупно 43 првооделеци. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари се 22, Во ООУ „Стојан Бурчевски - Буридан“ во село Иванковци заедно со подрачните училишта во Мамутчево, Сујаклари и Отовица минимално или само осум првооделенци.

Во Велес и велешките училишта во изминатите неколку учебни години се формираат и паралелки со помал број ученици, а така ќе биде и за претстојната учебна година.

Советот на Општина Велес на претстојната 18-та седница закажана за 29 август треба да го усвои предлог решението за давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици.

Годинава ова се однесува за сите пет основни училишта „Св. Кирил и Методиј“, „Блаже Конески“, „Васил Голавинов“, „Благој Кирков “ и „Јордан Х.К.Џинот“, како и за три од вкупно четирите средни за Гимназијата, за Економското и Електро - машинското училиште.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2018 15:59