Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа загуби во второто квалификациско коло на Ју Ес Опен од 128-та тенисерка на светската ВТА листа, Јана Фет (Хрватска), која славеше во три сета со 6:3, 2:6, 6:3.

Откако си разменија по еден сет, Ѓорческа го загуби петтиот гем на свој сервис во решавачкиот дел, по што Фет поведе со 2:3. Во деветтиот гем, иако нашата тенисерка имаше водство со 40-15, Хрватката направи пресврт, стигна до првата првата меч-топка и ја искористи. Вет ја очекува дуел со Американката Даниел Лао во следното коло., додека Ѓорческа го завршува своето учество, откако забележа само една победа над Лорен Дејвис (САД) во првото квалификациско коло.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 09:47