Ваучери за новородено дете денеска им беа доделени на 84 семејства кои живеат во општина Кисела Вода. Тие добија еднократна парична помош во висина од 6.000 денари.

Станува збор за 42 женски и 42 машки новороденчиња. Ваучерите на семејствата им ги врачи секретарот на општина Кисела Вода, Александар Алексовски.

Семејствата заедно со барањето треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето, информираат од општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 14:07