Легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро, смета дека Новак Ѓоковиќ игра во врвна форма како пред повредата и дека сосема заслужено се смета за еден од главните фаворити на Ју-Ес опен.

Најдобриот српски тенисер победи на Вимблдон и по две години пауза освои Гренд слем титула, а потоа триумфираше и на Мастерсот во Синсинати.

- Ѓоковиќ повторно има страст за игра, а тоа се виде уште на Вимблдон и беше јасно дека се враќа во врвна форма. Тој е еден од најдобрите играчи во историјата на овој спорт и од него треба да очекуваме уште титули. Ќе видиме што ќе се случи, но мислам дека може да го освои Ју-Ес опен, истакна Мекинро.

Ју-Ес опен почнува на 27 август, а трофејот го брани шпанскиот тенисер Рафаел Надал.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 11:43