Инжинер во фирма „Мак-Дрил“ од Кавадарци починал кога од камен бил погоден за време на минирање на ископ во рудникот „Говрлево“, соопшти полицијата.

Вчера околу 14:25 часот од итна медицинска помош било пријавено починато лице М.Н.(54) од Кавадарци, вработен како инжинер во фирма „Мак-Дрил“.

Тој, како што се наведува во соопштението од МВР, при минирање на ископ во рудникот „Говрлево“ бил погоден од камен во пределот на градите, по што починал на местото на настанот.

Извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 11:56