Шеснаесетгодишно девојче вчера било тешко повредено во сообраќајка која се случила на автопатот Скопје- Тетово, кај мостот на реката Вардар.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила кога скопјанецот Ш.С.(52) управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки излегол надвор од коловозот, удрил во бетонската ограда од мостот, по што се превртел на покрив.

Девојчето од Скопје, кое било сопатничка, со возило на итна медицинска помош било пренесено во Клиничкиот центар Тетово, каде биле констатирани тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош девојчето било префрлено во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 12:11