Интегрален текст од фејсбук објава на членот на О2 Коалиција Лазар Ѓуров

“КВАЗИ БОРБА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ - ОД ЗИМА ДО ЗИМА. ИЗМЕЃУ ВО ПРОЛЕТНО ЛЕТЕН СОН

Вчера бев на состанок во интерсекторска група.

Таа што ја формираше Владата, за да се справи со загадениот воздух.

Ја води Јани Макрадули како заменик министер за екологија.

Бев официјално пријавен на нивниот емаил како претставник од @О2 Коалиција за чист воздух. Да, таму има делегирано два претставници со Име и Презиме, но тие поради други обврски не можеа, па интерно се договоривме и отидов јас. Ме примија на состанокот без проблем т.е никој не реагираше кога се претставив дека е проблем што од О2 има член а ние конкретните две лица. Плус имаше и други кои се од други институции и невладини а не се лично тие кои се именувани како претставници. (Не случајно влегувам во детали на овој сегмент, ќе видите што се случи подоцна).

ПРВО И КЛУЧНО Е ДА ИСТАКНЕ (А ТАМУ ЈАСНО И ГЛАСНО КАЖАВ) ДЕКА Е ФРАПАНТНО ШТО НАЈВИСОКОТО ТЕЛО ЗА БОРБА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО ПОСЛЕДНИОТ СОСТАНОК ГО ИМАЛО ПРЕД СКОРО 7 (СО БУКВИ СЕДУМ) МЕСЕЦИ!!!

Претходниот состанок бил на 1-ви февруари!!!

Ало!!!

Zoran Zaev како претпоставен на телото свесни ли сте дека телото не е свикано 7 месеци? Седум месеци???

Наместо цела пролет и лето да се работи деноноќно за да на есен и во зима има помала загаденост, ЦЕЛИ СЕДУМ МЕСЕЦИ НЕМА СОСТАНОК!!!

Катастрофа од неодговорност!

Затоа тоа беше првата работа што јасно ја кажав на таа комична средба.

Зошто комична?

Состанокот е свикан со следниот дневен ред:

1. Тековни активности.

Толку!

:/

Тековни активности???

Кој црни тековни активности, кога нема состанок од 1-ви февруари. Кои тековни активности? Сега да ви раскажам што се се случуваше таму.

Кога влегов дискутираа за актуелната ситуација со чадот од Железара. Некој господин од Град Скопје дискутираше дека околу Железара имало куќи и дека тие може да влијаат на тоа што го покажува инструментот.

Јас се шокирав!

Побарав збор.

Кажав: Дали вие пред малку се обидовте да направите релативизирање на снимката во која се гледа чад низ цела населба кој излегува од фабриката??

Куќите тоа го направиле? Сега на 40 степени се греат и чадат?!?!

Кажав, ова е паушален и несериозен пристап. Целосно недозволив за тело како вакво.

Наместо смешни релативизирања потребен е институционален и системски пристап.

Прашав, излегле ли инспекциските тела?

Господинот објаснуваше дека во кругот имало различни погончиња со различна надлежност (Град Скопје, Општина Гази Баба и Државен инспекторат за животна средина (тој во кој го тргнаа квалитетниот директор кој правеше надзор со дрнови и објавуваше јавно и ставија човек од ДУИ)).

Јас прашав уште еднаш дали излегле сите потребни инспекции?

Макрадули рече да.

Прашав кај си извештаите?

Рече се чекаат.

Прашав кога ќе бидат?

Рече не знам.

Одговорив па зошто е свикана средбата без извештаи? За да релативизираме? Да покажеме квази грижа?

Потребно е прво извештаи после стручни и комкретни дискусии. Се друго е паушалност и џабе трошење време.

Заборавив да напоменам дека од старт дадов предлог министерството да обезбеди директен пренос или снимање на состаноците. Граѓаните се многу заинтересирани да следат како се решава овој проблем кој им засега животот и здравјето. Ако можат некој мали општини да обезбедат видео пренос на седниците зошто и вакво сериозно тело да не може да го направи тоа? Дури понудив ние да обезбедиме волонтери кои ќе дадат и опрема и ќе снимаат. Макрадули рече дека и он сакал да се снима...па додаде дека така ќе се видело дека граѓанските организации едно зборуваат на средбите друго во јавноста. Јас го пресеков и почнав да барам да конкретизира точно за што не наклевети. Што сме збореле внатре а што надвор?. Тој почна да се вади дека не рекол така, дека он го водел состанокот и дека немал да дозволи да поставувам секакви прашања.

Ок, не притискав до крај. Ај да не го реметам редот. Се повлеков.

Но останува да провериме дали ќе си го одржи зборот дека ќе се снима или пренесува во живо.

О2 ќе го стави тоа како предлог и на хартија.

Потоа кога заврши фарсата со Железара, оти немаше друга тема земав збор да ги поставам сите барања и прашања кои О2 ги имаше спремно за состанокот

Ќе ги објавиме детално на нашата фб страна скоро, но сумирано беше прашано:

- До каде е објавувањето на Приоритетниот акциски план за справување со загадувањето на воздухот за 2018 година по кој треба да работи оваа група? На 1.2.2018 даден е заклучок да се постави на сајт. Не е поставен.

- Требаше да се свика тематска седница на Влада. Свикана ли е? Ако не, зошто? И кога ќе се свика?

- До каде е измената на законот со кој се воведуваат налепници за категоризација на возилата според степенот на загадување? Во јули рекоа за 10 дена ќе влезе во постапка. До каде е? Зима дојде ќе се исклучуваат ли возилата кои загадуваат?

Исто прашав до каде е имплементацијата на 40 заклучоци на

Владата од 40 седница дури од 28.11.2017? Зошто тука не се брифира по однос на нив?

И уште неколку прашања кои ќе ги објавиме на страната О2 Коалицијата за чист воздух.

На сите прашања не добив одговор туку ми рекоа да ги доставам писмено.

Јас реков ок.

До кога ќе одговорите?

Он вика во разумен рок.

Поучени од тоа што за едни забелешки и мерки што им дадовме на писмено сеуште ни немаат одговорено, инсистирав да каже за колку дена. Повуци потегни кажа за 15 дена од сега.

Ок. Ќе ги пратиме на емаил.

Идеме понатаму со средбата.

Во единствената точка на дневен ред :/ некако се отвори тема за краткорочните мерки. Прашав има ли мерка набавка на маски по стандард за децата? Рекоа нема. Реков ајде да предложиме. Вика пишете на писмено. Викам еве сега предлагам. Вика не може така. А пред 2 минути запиша заклучок по усмен предлог на член на групата и дискусија. Чудни двојни аршини :/

Потоа се отвара тема информација од Влада за нивни препораки. Донесена вчера или завчера.

Реагирам дека материјалите не треба да се даваат на седница туку пред неа. За да се прочитаат и завземе став. Тоа е основна професионална култура.

И тука почна расправија.

Нели, јас првично реков сега ние како О2 немаме став и треба да ги разгледаме и ќе пишеме. Ама, после од муабетот сфатив дека зборуваат за мерки дел од школите и еден студетски дом од мазут да премине на гас.

Се јавив за збор.

Реков дека од дискусијата сфаќам дека станува збор за задоцнети мерки. На крај на август не се прави префрлање од мазут на гас.

Зошто не е почнато од пролет? Па тендети, печки, инсталација, набавки на гас....исто зошто само во неколку школи?

За да има за сликање?

Зошто се чекало до сега???

Предложив групата да донесе заклучок и реакција кон Влада дека мерките се задоцнети.

И оп Макрадули рече состанокот е завршен.

Што?!?!?!

Вика ние немаме право да даваме реакции.

Јас му викам ајде прво да подискутираме тука.

Он вика не, заврши состанокот и стана.

Како заврши? Кога има уште 45 минути до крај т.е до терминот кој го дадоа во поканата. (Никогаш не траел пократко од 2 часа а сега на саат и петнаесет минути го прекинува. Не е завршено, сега јас сакав да се дискутира. Има време).

Ама стана. Станаа и тие колегите од институциите. Јас прашувам зошто се прекинува? Он вика готово е нема дискусија. Јас го водам состанокот (тука го повтори едно десет пати на состанокот...небаре јас не знам кој го води ама сака да каже он контролира....ама не знае дека јас држам обуки за водење состаноци и дека прекинување на состанок по даден предлог за дискусија е злоупотреба да позиција на водач/фасилитатор на состанок). Му викам не може да го прекинете јас дадов предлог за дискусија. И почнаа (заедно со уште неколку, веројатно од неговото министердтво) да кажуваат дека јас не сум ни член на групата. Една вика цела група е заложник на твоите прашања. Јас реагирам г-ѓо граѓаните се загрижени. О2 е дел од телото, јас сум претставник, ми дадоа збор поставувам прашања. Легитимни. Зошто 7 месеци нема состанок? Она продолжи да повторува дека биле заложници и заминаа.

Фактички ја прекина седницата.

И пред излегување од салата дојде Макрадули да ми објаснува дека јас не сум требало да сум таму оти имало други две лица т.е. почна да се вади на формалности за да не ја отвори дискусијата која ја иницирам. Проба да испегла ама јас не попуштив.

Таму имаше и други лица од организации, институции и тела кои не беа баш тие именуваните и никому не му пречеше, ама кога почнав да реагирам и да барам одговори и да предлагам да ја искараме Владата за доцната реакција, Оп! Заврши состанокот!

Да не е трагично ќе е комично!

Тоа ли е пристапот кој треба да го изчисти воздухот и да ги спаси нашите деца?!

Наместо отвори планот. Ти до кај си? Рокот до кога беше? Зошто се доцни? Одма информација до Влада, да има корективни мерки и санкции за тие кои доцнат...они "Тековни активности" и трт мрт за да се изглуми дека имало средба.

ТАКВА Е СОСТОЈБАТА СО БОРБАТА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ДРАГИ МОИ СИРОТИ ГРАЃАНИ!

Жално! Тромо! Проформа! Административно! И од есен на есен, за да личи дека се клацка возот. БЕДА!!!

КУТРИ НАШИ ДЕЦА!!!“

Фејсбук статус на членот на коалицијата О2 - Лазар Ѓуров



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 12:38