Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Белгија.

Лидерот во генералниот пласман успеа да стигне до петта пол-позиција во кариерата на легендарната патека „Спа“, а тоа го оствари со време од 1:58.179 минути.

Во првата и втората сесија на патеката доминираа пилотите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен, но Хамилтон во последната квалификациска сесија ги искористи условите и беше најбрз.

Втората позиција ја освои Фетел со седум десетинки полошо време.

Најголемо изненадување на денешните квалификациите направија возачите на Фрорс Индија, Себастијан Окон и Серхио Перез , на кои им припадна вториот ред на стартот.

Зад најдобрата четворка на трката ќе стартуваат Роман Грожан од Хас, Кими Раиконен од Ферари и двајцата возачи на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикардо.

Трката за Големата награда на Белгија ќе се одржи утре со почеток од 15:10 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2018 01:26