Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по ремито од 1:1 на гости кај Вулверхемптон изјави дека е задоволен од играта на неговиот тим и покрај тоа што примија еден гол.

Вулверхемптон поведе со голот на Вили Боли во 57-та минута, за кој потоа се утврди дека е постигнат со рака од офсајт, но судиите во Премиер лигата не користат ВАР систем и не го забележаа тоа, па голот остана важечки. Но, набргу Емерик Лапорт во 69-та минута донесе израмнување за Сити.

- Едноставно направивме грешки кои не чинеа победа. Игравме на исто ниво, иако луѓето мислат дека се опуштаме пред полесни противници, но тоа не е точно. Знаевме дека Вулверхемптон е непријатен противник и мојот тим добро играше по примениот гол. Имавме многу шанси да победиме, но мора да поработиме на одбраната, истакна Гвардиола по натпреварот.

По три кола Сити со седум бодови се уште е прв на табелата, а Вулверхемптон е на 12-та позиција со два бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2018 01:47