Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е добитник на наградата „Глоб Сокер“ за најдобар фудбалер на Блискиот Исток во 2024 година.

Португалската фудбалска ѕвезда ја освои оваа награда и минатата година.

Во конкуренција за наградата беа и Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Ал-Хилал), Ријад Марез (Ал-Ахли), Салем Ал Даусари (Ал-Хилал), Мурад Батна (Ал-Фатех), Каку (Ал-Аин) и Суфјан Рахими (Ал-Аин).

Триесетидеветгодишниот Роналдо постигна 35 голови на 31 натпревари за Ал-Наср во 2024 година.

За саудискиот клуб настапува од јануари 2023 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2024 04:48