Раководството на Наполи му даде зелено светло на Виктор Осимен за трансфер во јануари.
Нигерискиот напаѓач, кој моментално е позајмен во Галатасарај, го бараат неколку клубови од Премиер лигата - Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал и Астон Вила, пренесува „ТБР Фудбал“.
Цената на напаѓачот е 75 милиони евра и доаѓа во форма на опција. Оваа клаузула е содржана во позајмицата на Осимен на турскиот шампион Галатасарај.