Пред платото во ТЦ Лептокарија синоќа се одржа втората вечер од Карпошовото културно лето која беше наменета за најмладите.

Како што соопшти прес-службата на општината, ѕвезди на вечерта беа најмладите карпошани кои со своите насмевки и енергија се забавуваа на перформансот на Петко 5+, додека актеротот Сашко Коцев одржа стендап шоу.

Во музичкиот дел настапија Гуру Харе и пријателите: Игор Џамбазов, Дани, Тања Тас, Дамир Имери - клавијатура и Трајче Велков - труба.

Вечерва е последниот ден од Карпошовото културно лето и граѓаните ќе може да уживаат во тематска - етно вечер со фолклорно студио ЕТНОС, Чалгија Саунд систем и Бени Шаќири & Златко Ориѓански.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2018 11:10