Барселона оствари минимална победа од 0:1 на гостувањето кај Ваљадолид и по две кола има максимален учинок во новата сезона на Ла Лига.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај на средбата, а Барселона до трите бода дојде со голот на Усман Дембеле во 57-та минута.
Во судиското надополнување фудбалерот на домаќините Кеко успеа да го совлада Тер Штеген, но веднаш потоа реагираше каталонскиот клуб и судијата доби информација од ВАР арбитарот дека напаѓачот на Ваљадолид бил во офсајд.
Претходно ВАР системот беше употребен во 83-та минута по голот на Луис Суарез, кој судијата го поништи откако беше утврдено дека фудбалерот на Барселона се наоѓа во недозволена ситуација.