Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти не ги криеше емоциите за драматичниот натпревар со Милан од второто коло во италијанското првенство.
Во првото полувреме гостите од Милано имаа предност од 0:2, но Наполи во вториот дел направи пресврт постигнувајќи три гола и оствари победа од 3:2.
- Милан одигра одличен натпревар, но и покрај негативата од 0:2 ние покажавме силна желба за победа и затоа успеавме на крајот да славиме, наведе тренерот на Наполи.
Анчелоти во периодот од 2001 до 2009 година беше тренер на Милан, а овојпат за ривал на клупата го имаше поранешниот ученик Џенаро Гатузо.
- Имам многу спомени од моите поранешни играчи, но со Гатузо е нешто посебно. Ова беше неверојатен натпревар за мене, еден од најемоционалните. Среќен сум што го видов него, истакна Анчелоти.
Тренерот на Милан ја презеде одговорноста за поразот.
По две кола Наполи има максимален учинок, а за гостите од Милано ова беше прв пораз сезонава.