Дваесетгодишен возач на мотор „Кавасаки“ загинал во Радовиш кога рано изутринава удрил во паркирана тракторска полуприколка.

Полицијата соопшти дека рано изутринава околу 2:05 часот на улица „Илија Алексов“ во Радовиш, Д.К.(20) од Радовиш управувајќи мотоцикл „Кавасаки“ со италијански регистарски ознаки удрил во паркирана тракторска полуприколка „ИМТ“.

Од незгодата Д.К. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип каде од страна на доктор е констатирана смрт.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2018 12:29