Рускиот милијардер Генадиј Тимченко изјави дека планира да изгради најголема сала за хокеј во светот.

Тимченко е претседател на хокеарскиот клуб СКА Санкт Петербург и за руските медиуми изјави дека новата сала ќе биде со капацитет за 22.500 посетители и во неа ќе може да се одржи Светското првенство во хокеј во 2023 година.

Изградбата на салата треба да почне идната година, а ќе чини околу 300 милиони долари.

Во моментов „Бел центарот“ во Монтреал е најголема хокеарска сала со капацитет за 21.288 посетители.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2018 14:03