Вечерва, по 21 часот, голем пожар избувна во куќа на улица „Киро Абрашев“ во Струмица.

Пожарот ги зафати двете поткровја од семејна куќа, а пожарникарите со крајни сили успееја да ја локализираат огнената стихија и не дозволија поради ветрот да се прошири на соседните куќи.

Во гаснењето на пожарот учествуваат повеќе противпожарни возила на ТППЕ Струмица.

Повредени и загинати нема, а на место на пожарот има и возило на Итна медицинска помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2018 00:15