Крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица ќе се одржи денеска во Домот на Армијата на Република Македонија.
Мотото на акцијата е „Биди херој спаси нечиј живот“, а ќе трае до 17 часот.
Крводарителска акција ќе се одржи по шеснаесетти пат, а ја организираат Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија.