Атина, 29 август 2018 (МИА) - Хрватскиот фудбалски интернационалец од АЕК, Марко Ливаја, го удри Србинот од Видеотон, Данко Лазовиќ, и доби црвен картон по натпреварот одигран синоќа во Атина во плејофот за Лигата на шампионите.
До конфликтот дојде кога Лазовиќ го турна в лице Ливаја, а овој го удри со удар во градите.
Полскиот судија Симон Марчињак веднаш го исклучи Ливаја, кој најверојатно го чека суспензија во Лигата на шампионите, додека Лазовиќ доби жолт картон.
АЕК и Видеотон одиграа 1:1, по што грчкиот шампион с епласира во елитното натпреварување благодарение на победата во Унгарија со 2:1.