Прилепчанец починал вчера околу 10:30 часот откако му се слошило додека стоел непосредно до брегот на Охридското Езеро.

Седумдесет и осумгодишниот М.М. паднал во водата, а од присутните граѓани бил изваден и му била укажана помош. Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде е констатирана смрт.

Извршен е увид на местото на несреќата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 10:28